27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот Porsche дебитираше на Goodwood (видео)

Електричниот Porsche дебитираше на Goodwood (видео)

Дискретно “маскиран” Porsche Taycan се појави минатиов викенд прв пат пред публиката на манифестацијата “Goodwood Festival of Speed” во Англија.

Во пресрет на долго очекуваната светска премиера во септември, првиот електричен модел на Porsche се провозе низ патеката во Goodwood. Зад управувачот на претпроизвeдениот автомобил, кој задржа мал дел “камуфлиран”, околу предните светла и задните светла, седеше поранешниот возач на Формула 1, австралиецот Марк Вебер.

Врз основа на концептот на Mission E (од 2015 година), Porsche Taycan ќе има светска премиера во септември, а компанијата од Штутгарт веќе презема мерки да го засили идното производство, за да ја следи побарувачката.

Taycan се напојува со два електрични мотори кои заедно развиваат повеќе од 600 коњски сили, а погонските батерии овозможуваат автономија од околу 500 км. Porsche тврди дека е потребно само четири минути полнење на брз полнач за да помине дополнителни 100 километри пат.

Кога станува збор за перформансите, Taycan забрзува од место до 100 км / ч за помалку од 3,5 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП