10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканскиот одговор за Huawei: Ве предупредувавме десет години, но вие не престанавте

Американскиот одговор за Huawei: Ве предупредувавме десет години, но вие не престанавте

Владата на САД бара од судот во Тексас да ја отфрли тужбата на кинеската компанија против американската влада поради забрана на нивните производи.

Huawei поднел тужба во март, тврдејќи дека законот кој ги спречува американски федерални агенции да купуваат нивни производи го кршат американскиот устав така што ”казнуваат поедници или групи” без судење.

Адвокатите на американското министерство за правда го оспориле тврдењето, велејќи дека овој закон не е противуставна казна, туку е “логичен следен чекор” за да се заштити земјата и да се осигура дека Кина не добива “стратешка основа” во американските системи, објави CNN Business.

Адвокатите соопштиле дека американските законодавци и официјални лица го предупредувале Huawei на потенцијална опасност од кинеските “сајбер-активности” повеќе од десет години, додавајќи дека компанијата користи стари аргументи од периодот на граѓанска војна и студената војна.

Дел од законите во врска со тоа “не го осудуваат Huawei на смрт, не го затвораат ниту го одземаат неговиот имот”, изјавиле американски адвокати, и се чини дека очигледно не го спречува Huawei да си ја работи својата работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП