21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПравило пет секунди: Научици откриле колку е опасно да јадете храна која...

Правило пет секунди: Научици откриле колку е опасно да јадете храна која паднала на земја

Повеќето луѓе веднаш ја фрлаат храната штом падне на земја мислејќи дека тогаш не е чиста.

Дали знаевте дека храната што паднала на земја можете да ја јадете ако ја подигнете во рок од пет секунди?

Ова правило се поврзува со студентката Џулиан Кларк, која учествувала во истражување на Универзитетот Илиноис. Таа неколку парчиња храна оставилана плочки некое време за да утврди дали бактериите ќе се “залепат”.

Студија спроведена на Универзитетот Клемсон во 2007 година покажала дека количеството бактерии што преминува на храната зависи од тоа колку бактерии има на одредена површина, а не од времето на изложување.
Освен тоа, утврдено е дека не е сеедно каква е површината на која храната паднала. На пример, на тепих ќе има помалку бактерии отколку на плочки или на дрвени површини. Се верува дека мазните површини се особено привлечни за бактериите.

Неколку експерти веруваат дека и од видот на храната зависи од тоа дали таа ќе биде зафатена од бактерии. Лепливите намирници се повеќе подложни на бактерии отколку сувите, како што се сендвичи, бисквити итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП