Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,992.58 0.36%    GRNT 970.00 -0.51%    KMB 5,848.81 -0.02%    MPT 67,498.00 -0.04%    RMDEN15 99.00 0%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,064.15 0.6%    TNB 16,200.00 -2.99%    TTK 1,180.00 -2.88%    UNI 2,015.00 -2.92%    UNIPO 101.50 -0.29%    

Европска компанија има намера да превезува патници во проблематичните авиони „боинг“

Време: 16:44

Датум: јуни 19, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Иако компанијата „Боинг“ долго време имаше проблем со продажбата на проблематичниот модел „737“, се чини дека неделава среќата ѝсе насмевна. Во вторникот авиокомпанијата International Airlines Group (ИАГ) најави дека планира да купи 200 авиони „737 макс“, информира Си-ен-ен.

Компанијата ИАГ, во чија сопственост се „Аер лингус“, „Бритиш ервејс“, „Иберија“ и други европски превозници, својата намера да набави модели „боинг 737“ ја објави на саемот за авијација во Париз. И покрај тоа што компанијата користи авиони од „Боинг“, досега повеќето од патничките авиони ги набавуваше од конкурентската компанија „Ербас“.

Авионите „737 макс“ беа приземјени во целиот свет кон средината на март по трагичните авионски несреќи во Етиопија и Индонезија кога загинаа 346 патници и членови на екипажот.

Во двете несреќи автоматизираниот систем Maneuvering Characteristics Augmentation System (MCAS) неправилно ги исчитувал податоците за издигнување, односно автоматски го спуштал носот на авионот оневозможувајќи им на пилотите мануелно да го решат проблемот и да воспостават контрола над леталото.

Иако „Боинг“ неодамна објави дека веќе има стабилно софтверско решение за проблематичните модели, сепак сè уште не е познато кога повторно тие ќе добијат дозвола за летање.

„Ние имаме доверба во ‘Боинг’ и очекуваме дека овие авиони успешно ќе се вратат во служба во следните неколку месеци“, изјавил Вили Волш, извршен директор на ИАГ.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Илон Маск: Време е “Amazon” да се рабие

    Илон Маск: Време е “Amazon” да се рабие

    Основачот на Тесла, Илон Маск оцени дека “Amazon” треба да се „разбие“. Тој ова го изјави откако писателот Алекс Беренсон објавил дека му било оневозможено…

  • Turkish Airlines од 18 јуни ќе започне летови кон шест европски земји

    Turkish Airlines од 18 јуни ќе започне летови кон шест европски земји

    Turkish Airlines повторно од 18 јуни ќе започне меѓународни летови со шест европски земји, а во лето ќе бидат организирани и пет нови летови. Компанијата ќе започне…

  • Извршниот директор на Coca-Cola: Пластиката во океаните мора да биде минато време

    Извршниот директор на Coca-Cola: Пластиката во океаните мора да биде минато време

    Од сите загадувачи, пластиката е најпрепознатлива – таа е највидлива и лебди“, изјави извршниот директор на Coca-Cola, Џејмс Квинси на виртуелен дијалог за океани организиран…

  • Сопственикот на „НИКОБ“, Кирил Лазаров, лидер за Југоисточна Европа за 2020 година

    Сопственикот на „НИКОБ“, Кирил Лазаров, лидер за Југоисточна Европа за 2020 година

    Македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“, воедно и претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, е добитник на…

  • Основачот на Zoom во еден ден стана побогат за 800 милиони долари

    Основачот на Zoom во еден ден стана побогат за 800 милиони долари

    Вредноста на акциите на компанијата Zoom Video Communications Inc. на берзата Nasdaq се зголеми за 9,7 проценти во петокот, 29 мај. Пазарната капитализација на компанијата за…

  • Дали Western Union ќе го преземе конкурентот MoneyGram?

    Дали Western Union ќе го преземе конкурентот MoneyGram?

    Western Union даде понуда за да ја купи компанијата за трансфер на пари MoneyGram, пренесува Bloomberg. Не е постигнат никаков договор и Western Union сеуште може…

  • Facebook на мета на критики од организациите за човекови права

    Facebook на мета на критики од организациите за човекови права

    Лидерите на организациите за човекови права остро го критикуваа Facebook по средбата со еден од основачите на компанијата, Марк Цукерберг. Состанокот се случи еден ден…

  • Boeing повторно започна со производство на авионите 737 MAX

    Boeing повторно започна со производство на авионите 737 MAX

    Американскиот производител на авиони Boeing повторно почна со производството на патничките авиони 737 MAX, кои беа суспендирани во јануари, објави агенцијата Anadolu. Производството на овие…

  • Burger King во Германија најде начин како да ги задржи гостите на дистанца

    Burger King во Германија најде начин како да ги задржи гостите на дистанца

    Burger King во Германија воведе џиновски картонски круни за да ги принуди луѓето да стојат на доволно растојание едни од други, пренесува mymodernmet.com. Многу ресторани ширум…

  • Авио-гигантот отпушта 12.000 работници во САД

    Авио-гигантот отпушта 12.000 работници во САД

    Американската компанија Boeing има намера во наредните недели да отпушти околу 12.000 работници во Соединетите држави, објави BBC. Компанијата објави дека оваа недела ќе информира за…