23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus го најави новиот авион со долг опсег ''A321 XLR''

Airbus го најави новиот авион со долг опсег ”A321 XLR”

Европскиот производител на авиони Airbus ќе започне да произведува нов авион со долг опсег, каде во таа пазарна категорија ќе го “претепа” својот ривал од Boeing, пренесува агенцијата AP.

Airbus на саемот за воздухопловство во Париз одржан во понеделникот, го лансираше авионот A321 XLR, кој на корисниците ќе биде достапен во 2023 година, а ќе може, како што е соопштено, да прелета до 7.560 километри.

Шефот за продажба Кристијан Шерер, не кажал колку ќе чини развојот на овој тип на авиони, но изјавил дека тоа ќе биде значително поевтино од изградбата на сосема нов авион, бидејќи станува збор за надоградена верзија на постојниот “А321”.

Веднаш по лансирањето, Air Lease Corporation од Лос Анџелес потпишала писмо со намера за купување на 27 нови авиони на Airbus.

Агенцијата AP наведува дека американскиот Boing размислува за лансирање на нов авион кој по големина би бил како “A321 XLR”.

Таквиот авион, како што се проценува, ќе го пополни “јазот” помеѓу Boing помалиот модел “737” и поголемиот авион од типот “777” и “787”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП