4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКонститутивна седница на Надзорниот одбор на „NLB”

Конститутивна седница на Надзорниот одбор на „NLB”

nlb-skupina

Во петокот на 28 јуни, Надзорниот одбор на НЛБ ја одржа својата прва редовна а исто така  конститутивната седница од новиот мандат. Членовите на Надзорниот одбор самите меѓу себе го избраа за претседател на Надзорниот одбор на НЛБ, д-р. Франце Архар, а за негов заменик Горазд Подбевшк.

Тие, исто така именуваа четири членови на комисиите на Надзорниот одбор:  Одбор за ревизија, Одбор за ризик, Одбор за номинирање и наградување и Одбор за Стратегија и развој. На состанокот биле земени во предвид начините на функционирање на Надзорниот одбор и неговите составни тела, и дискутирале за заедничките активности во иднина.

Надзорниот одбор бил информиран за тековните резултати на банката во првите пет месеци од оваа година, за проблемите при трансформацијата на организацијата на банката, како и оперативните и бизнис планови за до крајот на оваа година.

Надзорниот одбор ја дал својата согласност, а особено го истакнал следново:

Од Управата и од вработените во целата групација, Надзорниот одбор очекува од различните активности кои банката ги врши со своите деловни партнери, врз основа на високите етички и професионални стандарди, дека ќе и ја вратат на банката потребната доверба од постојните клиенти, како и стекнувањето на нови. Да се грижат за рационалното и успешно работење на банката, а во исто време и за активниот пристап кон креирањето на нови бизнис партнерства и соработка, затоа што само на тој начин може да се очекува раст на репутацијата на Банката и довербата на пазарите дома и во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП