28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдравје во мало пакување: Малини

Здравје во мало пакување: Малини

Ќе ве изненади колку е моќно ова овошје!

Покрај тоа што се убави за око и имаат совршен вкус, малините се и многу здрави, а покрај тоа немаат премногу калории – 100 грама од ова овошје има само 52 калории! Еве зошто би требало да јадете малини:

Полни се со важни хранливи материи

Една порција малини задоволува половина од дневните потреби за витаминот Ц, што ја стимулира работата на имунолошкиот систем, важни се за здрава кожа и неопходни се за формирање на колаген. Малините се богати и со манган и витамин К, без кој нема здрави коски. Покрај тоа, содржат и витамин Е и Б, магнезиум, бакар, железо и калиум, но во помала мера.

Немаат многу шеќер

Малините се меѓу плодовите со најмалку шеќер, чаша свежи малини имаат само пет грама шеќер, за разлика од јаболките со средна големина кои имаат дваесет грама шеќер. Тоа ги прави совршен избор за оние кои водат сметка за внесот на шеќер.

Богати се со антиоксиданти кои го забавуваат стареењето

Малините се мали “бомби” антиоксиданти, кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, рак, дијабетес и дебелина. Антиоксидантите од малините ги спречуваат воспалителните процеси во телото, кои се едни од “предизвикувачите” за предвремено стареење.

Добра превенција за одредени видови на рак

Антиоксидансите и антиинфламаторните соединенија кои се наоѓаат во ова овошје го успоруваат растот на клетките на ракот. Но, прелиминарните истражувања покажале дека малините кои се богати со фитонутриетини може и ја стимулираат програмираната клеточна смрт на клетките на ракот.

Одличен извор на влакна

Чаша малини (100 грама) има импресивни осум грама на влакна, што е третина од дневните потреби. Храната богата со влакна прави подолго да бидете сити, и го одржува нивото на шеќер во крвта под контрола.

Превенција за дијабетес

Истражувањата покажале дека конзумацијата на малини ја намалува количината на инсулин која е потребна за одржување на нивото на шеќер во крвта во здрави граници. Кај луѓето кои за време на студијата јаделе две порции малини во текот на денот, нивото на шеќер во крвта било пониско од оние испитаници во контролната група, кои не го јаделе ова овошје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП