27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСаутгејт: Примивме многу глупи голови

Саутгејт: Примивме многу глупи голови

Селекторот на Англија, Гарет Саутгејт по поразот од Холандија синоќа во полуфиналето од Лигата на нациите (1:3), рече дека потфрлила одбраната, дозволувајќи му на противникот лесни голови.

– Примивме многу глупи голови. Имавме шанса да победиме, но не ја искористивме. Во 85. минута, мислиш дека твојот тим постигнува гол и прави голем чекор кон победата, но наместо тоа, голот е поништен, а потоа противникот реализира. Вториот примен гол го „уби“ нашиот тим, изјави Саутгејт.

По поразот од Холандија, Англија в недела ќе игра натпревар со Швајцарија за третото место во првото изданија од Лигата на нации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП