2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриватните медиуми бараат преиспитување на работењето на ЗАМП и ММИ

Приватните медиуми бараат преиспитување на работењето на ЗАМП и ММИ

zmm

Здружението на приватни медиуми (ЗППМ) покренува иницијатива за преиспитување на комплетното работење на Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) и здружението Македонска музичка индустрија (ММИ).

На состанокот одржан вчера во Кавадарци е донесена одлука да биде испратено барање до УЈП, финансиска полиција и до обвинителството за да се преиспита комплетното финансиско работење, отчетноста и транспарентноста на ЗАМП и новото здружение за заштита на авторските права ММИ. Паралелно со тоа ќе биде испратено и барање до Министерството за култура за да се стопира работата на новото здружение ММИ се до завршување на истрагата.

Од Здружението на приватни медиуми најавуваат дека паралелно со тоа ќе емитуваат унифицирани радио и ТВ пораки на секоја македонска песна  што ќе се емитува на нивната програма со која граѓаните ќе се известат за штетноста по македонската музика од начинот на плаќање на авторските права. Во втората фаза планирано е да се направи прекин на програмата во траење од пет минути, а како трет чекор најавуваат прекин со емитување на македонската музика.

Приватните медиуми бараат намалување на процентот што од електронските медиуми по основ на авторски права го собира ЗАМП и наплатата да се врши од нето средствата остварени од страна на медиумите, а не како досега од комплетниот приход на радиодифузерите.

Во Здружението на приватните медиуми (ЗПММ) членуваат околу 90 медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП