26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМислите дека кафеавиот шекер е подобар од белиот?

Мислите дека кафеавиот шекер е подобар од белиот?

Склони сме на верувањата дека кафеавата храна е поздрава од бела, на пример кога станува збор за шекер или ориз. Зошто е тоа така?

Кафеавиот шекер е нешто помалку обработен во однос на белиот шекер. За производство на обичен шекер, сокот од шекерна трска се готви и потоа се филтрира за да се формираат кристали. Кристалите подоцна се преместуваат во центрифуга која содржи меласа. Белиот шекер е подложен на понатамошна обработка за гранулите да бидат пофини и да ја отстранат меласата. Белиот шекер е рафиниран шеќер од шеќерна трска и шеќерна репка.

За да ја поедноставиме разликата помеѓу овие два вида шекери, ќе кажеме дека кафеавиот шекер е бел шекер кој не е подложен на целиот процес на рафинирање па затоа задржува одредена боја. Количината на меласа која треба да се додаде определува дали се работи за светло кафеав или темно кафеав шекер.

Двата вида на шекер содржат речиси идентични хранливи вредности. Поради тоа што е помалку обработен, кафеавиот шекер содржи одредена количина на минерали како калциум и калиум, додека белиот шекер е чиста сахароза без витамини или минерали. Главната разлика, покрај бојата, е и во вкусот. Кафеавиот шекер има поинтензивен вкус.

Денес, многумина со помала грижа на совест во нивниот чај или кафе ќе стават поголема лажица кафеав шекер бидејќи сметаат дека тоа ќе биде “помало зло”. Но, тие не се во право. Двата вида на шекер и понатаму имаат еднаков ефект врз здравјето.

Кафеавиот шекер се користи за печење колачи, но понекогаш и во солени рецепти. Кафеавиот шекер може да го замените со бел во само неколку рецепти бидејќи кафеавиот шекер содржи меласа, тоа влијае на текстурата на печени колачи, па водете сметка дека мора да ги прилагодите и останатите состојки во рецептот.

Кафеавиот шекер не е поздрав од белиот шекер. Не дозволувајте бојата да ве измами. Кафеавиот шекер содржи 17 килокалории на една лажичка, а белиот шекер 16 килокалории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП