19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИДо средината на идната година договор за данок за Google, Amazon и...

До средината на идната година договор за данок за Google, Amazon и Facebook

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц, очекува членовите на OECD до средината на 2020 година да се договорат за минимален данок за дигиталните компании.

Станува збор за компании како што се Amazon, Google и Facebook.

Тој, исто така, очекува дека до третиот квартал на 2019 година ќе биде постигнат напредок во врска во поглед на воведување на данок на финансиски трансакции во најмалку девет земји на ЕУ, пренесува агенцијата Reuters.

“Разговаравме за оданочување на големи компании, особено во дигиталната економија”, изјавил Шолц на конференција за новинари по состанокот на министрите за финансии на ЕУ во Брисел.

Франција предложила дека од данокот за дигитални компании ќе помогне во финансирање на идните буџети на еврозоната, но некои земји се воздржани кон овој потег. Европа не би дошла во неповолна ситуација ако дигиталниот данок не биде глобално подржан.

Шолц изјавил дека очекува напредок во поглед на уште еден потенцијален извор на финансирање на идните буџети на еврозоната, данок на финансиски трансакции до третиот квартал од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП