3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕве што позитивно се случува со вашето тело кога дневно ќе испиете...

Еве што позитивно се случува со вашето тело кога дневно ќе испиете 2 шолји кафе

Најновата студија тврди дека две кафиња дневно всушност би можеле да го продолжат животот.

Истражувањето кое е објавено во Европскиот весник за епидемиологија утврдило дека умереното пиење кафе, поточно две чаши дневно, може да го продолжи животот за две години.

Во истражувањето учествувале дури 3 милиони луѓе и истражувани се над 450.000 случаи на смрт.

Луѓето кои пиеле од 2 до 4 чаши кафе дневно во просек живееле подолго од оние кои воопшто не консумирале кафе.

Продолжувањето на животот не е единствената корист кое ни го дава кафето. Како што студијата наведува омилениот пијалак го намалува ризикот од развој на рак, кардиоваскуларни болести, дијабетес и респираторни болести.

Ова не е првпат кафето да се поврзува со здравјето. Во минатото, докажано е дека го намалува ризикот од развој на рак на простата, влијае на здравјето на срцето и го намалува ризикот од појава на Паркинсонова и Алцхајмерова болест.

“Тешко е да се пресмета, но моето чувство е дека пиењето кафе може да додаде неколку години живот”, вели водачот на ова истражување Астрид Нехлиг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП