29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСЗО: Пред екран не повеќе од еден саат

СЗО: Пред екран не повеќе од еден саат

Децата помали од една година не треба воопшто да имаат допир со екрани.

Уредите станаа вообичаен дел од секојдневниот живот. Меѓутоа, проблемот е во тоа што екраните стана дел од секојдневниот живот на децата и тоа е толку распространето што Светската здравствена организација “морала” да направи препорака за тоа.

Во новиот извештај на СЗО пишува дека децата помлади од пет години за да бидат здрави треба да поминуваат помалку време пред екранот, а повеќе играјќи надвор. На кратко, тие не треба да поминуваат повеќе од еден час “врзани” за екранот.

Оваа организација е загрижена дека премногу време поминато пред екранот ги наведува децата премногу долго да седат, им го попречува сонот и го намалува нивото на физичка активност.

“Подобрувањето на физичката активност го намалува времето кое го поминуваат седејќи и квалитетот на сонот кај малите деца ќе го подобри нивното физичко и ментално здравје, благосостојба, спречување развој на дебелина и поврзани болести подоцна во животот”, истакнува д-р Фиона Бул од СЗО.

Еве препорака на СЗО и за деца од други возрасти

Децата помлади од една година не треба да трошат време пред екран, туку треба да бидат активни неколку пати во текот на денот, преку игра на под. Ако бебето не оди или не лази, треба да помине на стомакот најмалку половина час дневно. Не би требало родителите да ги држат повеќе од еден час во дубаците, во количките, столччиња за хранење, кенгур носачи…

Времето поминато пред екран не се препорачува за едногодишни, а СЗО сугерира дека двегодишните не би требало да гледаат во екран подолго од половина час дневно. Овие деца, на возраст од една или две години, би требало да имаат околу три часа физичка активност дневно.

Децата на возраст од три до четири години не би требало да поминат повеќе од еден час пред екранот и би требало да имаат околу три часа физичка активност дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП