22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродадени акции на Apple вредни 15 милиони долари

Продадени акции на Apple вредни 15 милиони долари

apple

Двајца раководители во „Apple“,  Брус Сивил и Џеф Вилијамс за 15 милиони долари ги продале своите акциите кои ги поседувале во компанијата, а оваа трансакција ја објавила американската Комисија за хартии од вредност и берзи.

Сивил кој има функција на виш потпретседател и главен правник има продадено 37.172 акции. Додека Вилијамс кој е постар заменик претседател има продадено 36.819 акции. Продажната цена и кај двајцата била во опсег од 399 до 405 долари за акција.

Акциите се продадени согласно правилата на Комисијата за хартии од вредност и берзи, според која таа треба да биде информирана за намерата за продажбата.

Иако акциите биле продадени како дел од однапред планирана продажба, тоа не е добар знак. Поевтини цената на акциите на „Apple“, а кога раководни лица во компанијата продаваат на пониска цена, тоа не предизвикува особена доверба кај инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП