27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсновачот на Xiaomi доби бонус од 950 милиони долари

Основачот на Xiaomi доби бонус од 950 милиони долари

Леи Јун, основачот на кинескиот производител на мобилни телефони Xiaomi, доби голем бонус од таа компанија на крајот од 2018 година.

Xiaomi, имено, во изминатата година забележала силно зголемување во сите финансиски показатели. Приходите на компанијата пораснале за 52,6% и изнесуваа нешто повеќе од 26 милијарди долари. Од ова, околу 1,3 милијарди долари се евидентирале како нето добивка на компанијата по одданочување.

Во истиот документ во кој беа објавени овие резултати се наведува и споменатиот Леи Јун кој беше награден во сред година со бонус во вид на акции – препишани му се 636.6 милиони акции од Xiaomi со вкупна вредност од нешто над 950 милиони долари. Значи, основачот на компанијата заработил за себе речиси ист износ на пари како оној што целата компанија го покажа на годишно ниво како профит, и тоа само во форма на доделени акции. Редовните плати и дивиденди кои ги добил не се јавно прикажани.

Поради овие бонуси, утврдени “врз основа на осум годишната посветеност на компанијата”, 49 годишниот Јун се најде на мета на критичарите. Но, наскоро се огласи и најави дека откако ќе се наплатат сите даноци, целиот износ на акции ќе биде дониран во хуманитарни цели.

Јун, наводно, не знаел за оваа награда, туку за тоа одлучил управниот одбор на компанијата. Тие својата одлука ја оправдуваат со фактот дека компанијата минатото лето своите акции ги понудила на берза и дека не е невообичаено да ги награди своите менаџери со акции пред почетокот на првичниот процес на јавна понуда (IPO). Јун досега не продал ниту една од бонусните акции, забраната за неодамнешните IPO беше користена до јануари, а сега ќе биде дадена во добротворни цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП