10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla Model 3 во моментов најпродаван електричен автомобил во Европа

Tesla Model 3 во моментов најпродаван електричен автомобил во Европа

Најевтиниот автомобил на Тесла за само еден месец ги надмина најсилните електрични ривали како што се Renault Zoe и Nissan Leaf.

Модел 3 имаше одличен почеток на европскиот пазар. Откако во салоните на стариот континент се појави на почетокот на оваа година, на крајот на февруари беше на прво место поо продажба кога станува збор за автомобил со електричен мотор.

Според податоците објавени од страна на JATO Dynamics, Тесла во февруари во Европа достави 3,657 копии на Модел 3, што е повеќе од електричните модели на Renault Zoe (2884), Nissan Leaf (2333), BMW i3 (1.998) и Hyundai Kona EV (1754).

“Овој резултат на Модел 3 е неверојатен”, изјави Фелипе Мунјоз, аналитичар во Jato Dynamics.

“Обично на нов модел на пазарот му треба 4-5 месеци за да се наметне на клиентите и да постигне значајни продажни резултати, како што ги постигна Тесла ги постигна за само месец и нешто со продажбата во Европа.”

Резултатот кој што го забележа Модел 3, добива уште повеќе на тежина ако се знае дека овој електричен автомобил е поскап од најблиските конкуренти Renault Zoe и Nissan Leaf.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП