26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКоби Брајант: Јас сум најдобриот, па Џордан, па Леброн (Видео)

Коби Брајант: Јас сум најдобриот, па Џордан, па Леброн (Видео)

Кошаркарската легенда, Коби Брајант, се нашол во „тесно“, бидејќи морал да избира од најлош до најдобар, помеѓу себе Мајкл Џордан, Леброн Џејмс.

Брајант гостувал во емисијата на Џејмс Корден, каде морал да избере дали да јаде јазик од крава или да одговори на прашањето.

Коби најпрвин не сакал да одговори на прашањето, но кога започнал да го јаде јазикот од крава се премислил.

„Добро, добро…Јас сум најдобар, Мајкл (Џордан) е втор, а Леброн (Џејмс) трет“, рекол Брајант.

Коби Брајант во кариерата одиграл 1346 натпревари во НБА лигата, освоил пет титули, а во просек бележел 25 поени, 5,2 скока и 4,7 асистенции по натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП