26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКариус го моли Ливерпул да го спаси од турскиот кошмар

Кариус го моли Ливерпул да го спаси од турскиот кошмар

Голманот на Бешикташ, Лорис Кариус очајно сака да стави крај на својот престој во клубот. Според локалните медиуми, тој се поврзал со раководството на Ливерпул и замолил заемот кај „црните орли“ да биде прекинат.

Кариус не добил плата во период од 4 месеци. Се тврди дека турскиот клуб му должи над 1 милион евра. Покрај тоа, неговите настапи под рамката на голот не се импресивни и од Бешикташ се исто така склони на разделба.

Дваесет и пет годишниот Кариус стана непотребен на „Енфилд“ по финалето во Лигата на шампионите минатата сезона, во кој допушти две кошмарни грешки при поразот со 1:3 од Реал Мадрид. Неговиот договор со Бешикташ е до 2020 година, а во него фигурира и клаузула за задолжително откупување.

Се шпекулира дека интерес за Кариус пројавува Олимпијакос. Можно е Германецот да се врати и во Бундеслигата, каде кандидати за неговиот потпис се Ајнтрахт (Франкфурт) и Фортуна (Дизелдорф).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП