19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Старата дама“ го доведе Тевез

„Старата дама“ го доведе Тевез

CarlosTevez+JUVENTUS

Шефовите на Јувентус и Манчестер Сити се договорија за цената на напаѓачот Карлос Тевез. Претставници на двата клуба имаа состанок во Лондон на кој беа определени параметрите на договорот и постигнаа согласност. Па така Аргентинецот се очекува да отпатува за Италија во среда за да ги помине медицинските прегледи и да ги договори личните услови со „старата дама“.

Според информациите договорот ќе биде во вредност од 12 милиони евра. Пред тоа од Сити сакале 15, но на крајот направиле компромис и ја прифатиле понудата за 29-годишниот Аргентинец. Сепак за „граѓаните“ ќе има и дополнителни бонуси при одреден број одиграни натпревари и постигнати голови од напаѓачот.

Тевез пак ќе потпише договор за наредните 3 години и ќе добива по 5,5 милиони евра по сезона.

Од Јувентус исто така преговарале и за дефанзивецот на Манчестер Сити, Александар Коларов со цел да го доведат Србинот на позајмица во Торино, но луѓето од Сити го отфрлија овој предлог.

Сега раководството на „граѓаните“ веќе бара заменик на Тевез, бидејќи по неговото заминување ќе останат само со двајца истакнати голгетери во тимот, Един Џеко и Серхио Агуеро. Главна трансферна цел на клубот за ова лето е Единсон Кавани, но засега преговорите за него одат тешко.

Тевез премина во Манчестер Сити од градскиот ривал Манчестер Јунајтед во 2009-та година за сума од 47 милиони фунти. Оттогаш тој одигра 148 натпревари во небесносиниот тим и постигна 74 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП