26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА22 од 30 најзагадени градови во светот се од Индија

22 од 30 најзагадени градови во светот се од Индија

Индија има седум од десет светски градови со најзагаден воздух, пренесува CNN.

Гуруграм, кој е предградие на Њу Делхи, според Greenpeace и AirVisual е најзагаден град на светот. Откриле дека просечниот индекс на квалитет на воздухот изнесувал 135.8 во 2018 година, што е за три пати повисок од дозволениот кој американската Агенција за заштита на околината го смета за здрав.

Во Гуруграм минатата година, во два месеци бил измерен индексот на квалитетот на воздухот познат како PM 2.5. Индексот покажал дека во градот има екстремно високо ниво на честички над, односно преку 200.

Агенцијата за заштита на животната средина тоа ниво на индексот го смета за многу нездраво и предупредува дека изложувањето на штетните честички може да има сериозни последици по здравјето.

Според извештајот на Greenpeace и AirVisual, загадувањето ќе предизвика околу 7 милиони прерани смртни случаи на глобално ниво следната година. Исто така, ќе има и големо економско влијание.

„Загадениот воздух ги краде нашите животи и нашата иднина“, рече Јеб Сано, директор на азиската Greenpeace. „Порај тоа што се изгубени човечки животи, постои и глобален трошок во износ од 225 милијарди долари заради изгубената работна сила и трилиони медицински трошоци. Воздухот има огромни последици, почнувајќи од нашето здравје па се до нашиот паричникот“, рече Сано.

Проблем со загадување на воздухот

Проблемот со загадувањето на воздухот е особено изразен во Јужна Азија. Осумнаесет од 20-те градови во светот се најзагадени во Индија, Пакистан и Бангладеш, вклучувајќи ги и најголемите одморалишта во Лахоре, Делхи и Даки. Тие ги заземаат 10, 11 и 17 место по загаденост на воздухот минатата година.

Климатските промени дополнително ги влошуваат ефектите од загадувањето на воздухот. Имено, атмосферските услови се менуваат, доаѓа до зголемување на шумските пожари, се вели во извештајот. Главниот двигател на глобалното затоплување е согорувањето на фосилните горива како што се јагленот, нафтата и гасот.

„Она што треба да го видиме е колку сериозно нашите лидери размислуваат во врска со нашето здравје. Исто така размислуваат за префрлање од фосилни горива. Јасно ни говори нивото на квалитет на воздухот дека мораме да преземеме чекори за решавање на здравствената и климатската криза“, рече Сано.

Земјите од Јужна Азија, заедно со Кина, се најзагадените земји. Поради ова, загадувањето на воздухот е глобално прашање.

Во извештајот се вели дека индексот на воздухот бил измерена во 3000 градови. 64 проценти од градовите ги надминале нивоата за изложеност на PM2.5 според Светската здравствена организација (СЗО).

Извештајот предупредува дека, поради недостаток на најнови информации за квалитетот на воздухот во многу области, вкупниот број на градови кои го преминуваат прагот на PM2.5 ќе биде далеку поголем.

Кина го стави под контрола загадувањето на воздухот

Единствената светлосна точка во извештајот беше Кина. Утврдено е дека загадувањето опаднало за 12 отсто од 2017 до 2018 година. Пекинг повеќе не е на листата на 100-те најзагадени градови.

Според извештајот на Greenpeace и AirVisual, најзагадениот град на Кина во 2018 година беше Хотан. Баодинг, некогаш еден од најзагадените градови во земјата, сега е на 33 место.

Додека Кина гледа подобрување, многу соседни земји како Индонезија, Јужна Кореја, Виетнам и Тајланд продолжуваат да “страдаат” од големо загадување.

Властите во Бангкок, во април ги распоредиле авионите кои имаат способност да генерираат дожд, или техника позната како сеење на облаци, за да се намали постојаното загадување во главниот град на Тајланд. Во истиот месец, градовите во Јужна Кореја, Кина и Индија го пријавија најголемото зголемување на загадувањето на воздухот, бидејќи согорувањето на гориво во зима придонесе за задржување на смогот во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП