3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson: Ќе се префрлиме на 5G низ целиот свет оваа година

Ericsson: Ќе се префрлиме на 5G низ целиот свет оваа година

„Ericsson“ ќе се префрли на „5G“ во 2019-та година на глобално ниво. Ова го објави на Светскиот мобилен конгрес главниот извршен директор и претседател на производителот на телекомуникациска опрема, Борхе Еколм.

Според неговите зборови, „5G“ има клучна улога за националната инфраструктура на поединечни земји, па затоа е неопходно да се работи со голема внимателност во однос на новата генерација на мрежи.

„Ние всушност ќе се префрлиме на „5G“ низ светот во 2019-та година“, рече тој.

Вестите доаѓаат во позадина на проблемите со кои телекомуникациската индустрија се соочува во последно време околу обвинувањата на САД дека кинескиот гигант, кој е и клучен конкурент на „Ericsson“, шпионира во корист на кинеската влада.

Во врска со тоа индустријата се соочува со важни одлуки – дали одделните земји да ја блокираат „Huawei“, па нејзината опрема да не биде корисена во одделни земји при создавање на нивните „5G“ мрежи, како и дали да се наметнат посериозни регулации во секторот.

Во врска со ова, претставниците на клучните телекоми низ целиот свет се состануваат на Светскиот мобилен конгрес за да дискутираат за овие прашања зад затворени врати.

„Huawei“ е најголемиот производител на телекомуникациска опрема во светот, следена од „Ericsson“ и „Nokia“, но европските играчи не се толку напредни во развојот на технологијата, а тоа може да е еден од фактори за одложување на пуштањето на „5G“ во многу земји.

Сепак „Ericsson“ се обидува да го искористи она што се случува со нејзиниот најголем конкурент, а барањето на Борхе Еколм е категоричен пример за тоа.

На настанот за новинарите на конгресот, Еклом откри дека „Ericsson“ има потпишно „5G“ договори со 10 даватели на услуги во секторот, како и 42 дополнителни меморандуми.

Ако до пред 5 години „5G“ се уште изгледаше нешто многу далечно за сите во индустријата, макар и за неа да се шпекулираше доста, денес „5G“ технологијата „тропа на вратата“, а индустриите се подготват за поставување на новата генерација мрежи, очекувајќи да имаат корист од мноштвото предности.

„Потрошувачите и компаниите ја очекуваат „5G““, рече Еклом. „Според истражувањето на „Ericsson ConsumerLab“ една третина од корисниците на паметни телефони во глобални рамки ќе се упатат или веднаш или во рок од шест месеци, до давателот на услуги, кој ќе пренесува „5G““.

Во меѓувреме, „Ericsson“ сега ги лансира своите „5G“ мрежи ширум светот – во САД, Азија, Европа и Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП