27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед понудиле 70 милиони евра за Санчо

Јунајтед понудиле 70 милиони евра за Санчо

Манчестер Јунајтед имаа желба во летниот преоден рок да го ангажираат младиот фудбалер од Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Англиските медиуми пишуваат дека стручниот штаб на „црвените ѓаволи“ на чело со Оле Гунар Солскјер биле импресионирани од 18-годишниот крилен напаѓач. Санчо пред да се пресели во Дортмунд играл за Манчестер сити.

Борусија за Санчо платиле осум милиони фунти, а според шпекулациите Јунајтед биле подготвени да понудат 70 милиони евра. Оваа сезона Санчо има одиграно 28 натпревари во сите конкуренции, на кои забележал осум гола и десет асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП