27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКрај за една легенда: A 380 се повлекува од пазарот

Крај за една легенда: A 380 се повлекува од пазарот

Европскиот производител на авиони „Airbus“ денеска соопшти дека во 2021 година ќе престане да го произведува суперџамбо-авионот „А380“ поради недостиг на клиенти. На овој начин производителот се откажува од најголемиот патнички авион на светот и еден од најамбициозните и најтешки потфати во историјата на воздухопловството.

Само десет години како патничкиот авион со 500 седишта почна да пренесува патници, „Airbus“ објави дека главниот клиент, компанијата „Emirates“, ги намалува нарачките за овој авион и поради тоа нема основа за продолжување со производството на „А380“, се вели во извештајот на агенцијата „АР“.

Ваквата одлука би можела да загрози 3.500 работни места и веќе ја чинеше авиокомпанијата загуба од 463 милиони евра во 2018 година, додаваат од „Airbus“.

Крајот на најновото летало и икона на компанијата, констатира „АР“, е добра вест за ривалот „Boeing“ и непријатен удар за „Airbus“, кој се смета за европски економски мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП