26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ плаќа 100 милиони евра на Наполи за Алан

ПСЖ плаќа 100 милиони евра на Наполи за Алан

Бразилскиот играч за врска Алан ќе се пресели од Наполи во Париз Сен Жермен за 100 милиони евра, тврдат денеска италијанските медиуми.

Телевизијата „Луна“, која прва објави дека нови тренер на Наполи ќе биде Карло Анчелоти, објави дека двата клуба се многу близу до договор, а трансфер цената веќе е утврдена.

Алан веќе ги договорил деталите за соработка со парижаните и четиригодишниот договор вреден вкупно 32 милиони евра.

На ПСЖ му се потребни засилувања во средината на теренот, бидејќи Адријан Рабио одби да го продолжи договорот и ќе си замине во текот на летото, а изборот падна на Алан.

Пред Наполи, 28-годишниот фудбалер настапуваше за Удинезе и Васко де Гама.

Сега останува нејасно како „принцовите“ ќе ги исполнат правилата за финансиски фер-плеј, бидејќи пред овој трансфер тие беа под „лупа“ од страна на УЕФА

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП