3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХрватски „Вартекс“ успешно опстојува на пазарот повеќе од 100 години

Хрватски „Вартекс“ успешно опстојува на пазарот повеќе од 100 години

Tекстилниот гигант „Вартекс“ од Вараждин веќе 101 година произведува костуми, палта, јакни и облека за специјална намена, односно униформи за хрватската армија, полиција, специјалци и слично. Во три производни погони во комплекс од згради од црвена цигла во центарот на Вараждин, неколку стотици работници секојдневно во една смена изработуваат квалитетни колекции на облека.

„Прво правиме прототипови на облека, а потоа по консултации одат на дополнителна завршна обработка, доколку е потребно. После тоа правиме колекциски примерок, доработена верзија која се произведува во мал број примероци. Ако нема повеќе промени, ние го произведуваме и го пуштаме производот“, објаснува Ненад Баќиќ, претседател на „Вартекс“. Во моментов, „Вартекс“ ја лансира најновата елегантна колекција, наменета главно за помладите , наречена „Вартекс јанг“.

„Сè шиеме од нула. Од ‘Хуго Бос’ добиваме крој и материјали, а потоа кроиме и шиеме. Тоа е пипава работа, треба да се биде многу прецизен. Имаме многу различни материјали и модели. Сето ова бара многу обука, пракса и проби“ открива Лилјана Брумец (47), која е одговорна за квалитетот и која во Вартекс работи 28 години.

Вартекс произведува широк асортиман на стоки – класични костуми, спортски и класични палта, машки и женски капути, комплети. Директорот на производството нагласува дека Вартекс е една од најфлексибилните компании во овој дел од Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП