29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАлцхајмеровата болест ја забавуваат црвеното вино, црното чоколадо и малините

Алцхајмеровата болест ја забавуваат црвеното вино, црното чоколадо и малините

Конзумирањето црвено вино и темно чоколадо може да ги забави симптомите кои ги предизвикува Алцхајмеровата болест, тврдат научниците.

Ресвератрол е природен спој, кој може да се најде во храната како во црвеното грозје, виното, малините и темното чоколадо. Новото истражување покажало дека оваа состојка го забавува менталното пропаѓање кај пациентите кои боледуваат од Алцхајмер.

Стручњаците од Медицинскиот центар Универзитетот Џорџтаун претпоставуваат дека реставратролот ја намалува способноста на штетните имуни молекули да продрат во ткивото на мозокот, Алцхајмер предизвикува воспаление кое може да го оштети мозокот.

Се верува дека штетата е предизвикана од насобирање на абнормални протеини кои ги оштетуваат или ги уништуваат невроните. Новата студија сугерира дека имуните молекули може да предизвикаат воспаление во крвта која доаѓа до мозокот преку крвно-мозочната бариера. Но, реставратролот ја зајакнува таа бариера и го намалува нивото на протеини кои ја пробиваат. Со самото тоа се сопираат штетните воспалени молекули да влезат во мозочното ткиво.

Во истражувањето се користени специфични молекули од церебралната течност кои се земени од учесниците кои имаат потврдено Алцхајмерова болест. Учесниците се поделени во две групи, 19 од нив користеле плацебо, а 19 една година се третирани со реставратол во количина еднаква на реставратолот кој се содржи во 1.000 шишиња црвено вино. Пациентите кои користеле реставратрол, имале за 50 отсто помалку протеини кои ја пробиваат крвно-мозочната бариера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП