29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Тесла“ укинува неколку илјади работни места

„Тесла“ укинува неколку илјади работни места

Произведувачот на електрични автомобили „Тесла“, денеска објави дека ќе укине неколку илјади работни места во настојувањата да ги намали трошоците и да остане профитабилен додека го развива производството на својот клучен производ – „моделот 3 седан“.

„’Тесла’ мора да почне со такви намалувања во текот на следните месеци бидејќи го забрзува производството на варијанти на „моделот 3“ и вложува во инженерски подобрувања во производството. Не постои друг начин“, напишал извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, на блогот на компанијата.

Компанијата соопштила дека бројот на вработени на неопределено време ќе го намали речиси 7 отсто, а вработувањето за оние на определено и на договор ќе остане само за најнужните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП