26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИгуаин заминува од „Сан Сиро“ и се сели на „Стенфорд Бриџ“

Игуаин заминува од „Сан Сиро“ и се сели на „Стенфорд Бриџ“

Аргентинецт Гонзало Игуаин ќе се пресели во Челси и како позајмен играч ќе настапува за тимот од „Стенфорд Бриџ“ до крајот на сезоната. Првиот дел од сезоната Игуаин го мина во Милан.

Игуаин е играч на Јувентус, а во летниот преоден рок, по трансферот на Кристијано Роналдо, екипата од Тороно го испрати на позајмица во Милан.

Од Милан се обврзаа да платат 18 милиони евра за една година, а по завршувањето на сезоната да го откупат договорот на Аргентинецот за 36 милиони евра. Со новонастанатата ситуација, Милан ќе платат половина од парите за позајмицата и нема да го откупат договорот на напаѓачот.

Игуаин, кој во кариерата играч уште за Реал и Наполи, сезоната постигна само осум гола на 22 натпревари. Тој ќе треба да ја подобри ефикасноста на Челси, бидејќи Алваро Мората и Оливие Жиру играат во лоша форма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП