28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмазон го надмина Мајкрософт на листата на највредни компании

Амазон го надмина Мајкрософт на листата на највредни компании

Акциите на Амазон се зголемиле за три проценти на 1629,51 долари и ја зголемиле пазарната вредност на лидерот во е-трговијата на 797 милијарди долари. Во меѓувреме, акциите на Мајкрософт се зголемија за помалку од еден процент на 102,06 долари, со што пазарната вредност на компанијата сега изнесува 784 милијарди долари.

Амазон за прв пат дојде на првото место на највредни американски компании, со што го тргна Мајкрософт од врвот.

Се верува дека ова репозиционирање предизвика загриженост дека американската трговска војна со Кина и зголемувањето на каматните стапки ќе ја загрозат светската економија.

И, како што проценува АП, ако тоа се случи, тоа веројатно ќе го забави растот на технолошките компании, но исто така и другите индустрии кои имаат значителен дел од приходите надвор од САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП