24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекорден извоз на британските автомобили

Рекорден извоз на британските автомобили

britishcar

Велика Британија во 2012 година извезе 1,2 милиони автомобили, најмногу во долгогодишната историја, соопшти денеска Британската асоцијација за производство и продажба на возила.

Асоцијацијата наведува дека извозот минатата година бил за осум проценти поголем од претходната година. Вкупно се произведени 1,6 милиони возила (најмногу од 2008 година) или за 15 отсто повеќе од минатата година.

Иако 80 проценти од автомобилите произведени во Велика Британија се наменети за извоз, производството беше поттикнато и од големата побарувачка на домашниот пазар.

Во Велика Британија има осум големи фабрики за автомобили и сите се во сопственост на странски компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП