7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes ќе го претстави новиот CLA во јануари

Mercedes ќе го претстави новиот CLA во јануари

Германскиот производител потврди дека светската премиера на втората генерација на нивната компактна купе-лимузина ќе се оддржи на Меѓународниот саем за електроника (CES) во Лас Вегас.

„Mercedes CLA“ зa 2019-та е четвртиот модел од новата генерација на семејството компактни возила со преден погон кои ќе биде претставен пред јавноста. Пред него ќе дебитираат новите „А“ и „В Сlasѕ“, како и „A Сlasѕ Sedan“.

Палетата на мотори ќе биде превземена од споменатата „A Сlasѕ“ и ќе опфаќа четирицилиндарски бензинци и дизели, додека во врвот на понудата ќе бидат „AMG“ верзиите „CLA35“ и „CLA45“, последната со преку 400 „коња“.

Инаку, „Mercedes“ на „CES“ во 2019-та на американската публика ќе и ги престави и електричните „SUV EQC“ и „Vision Urbanetic Concept“.

Меѓународниот саем за електроника во Лас Вегас се почесто им служи на производителите на автомобили, покрај најновите технолошки достигнувања, да претстават и нови модели, чии премиери претежно се случуваат на големите автомобилски саеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП