20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПетте најбрзи модели во историјата на Porsche (видео)

Петте најбрзи модели во историјата на Porsche (видео)

Германската компанија „Porsche“ објави уште едно видео со Топ 5 од своите возила, овој пат раскажува за најбрзите модели. На листата се вклучени спортските автомобили со најголема максимална брзина: „911 Turbo S“, „911 GT2 RS“ и „918 Spyder Super Hybrid“.

Петтото место на листата го зазема „Porsche 911 Turbo S“. Опремен со 3.8-литарски турбо боксер со моќност од 607 коњски сили (750 Нм вртежен момент), кој забрзува до 330 км/ч. Побрз е 15-годишниот „Carrera GT“ со максимална брзина од 334 км/ч. На третото место е „959 С“, модел кој во 1988-ма година германските новинари успеаја да го забрзаат до 339 км/ч.

На втората позиција, „Porsche“ го рангира „911 GT2 RS“ со 700 коњски сили. До 100 км/ч, спортското возило забрзува за 2,8 секунди и максималната брзина е 340 км/ч. Победникот е „918 Spyder Superb Hybrid“ (887 коњски сили и 1.280 Нм вртежен момент). Неговата максимална брзина е 345 км/ч.

Титулата за најбрзото несериско „Porsche“ припаѓа на „9ff 911 GTurbo 1200“. Тој е опремен со 3,9-литарски боксер со моќност од 1.200 коњски сили и вртежен момент од 1.150 Нм. Максималната брзина на „911 GT3“ изнесува 403 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП