29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЦрвеното вино го штити вашето здравје

Црвеното вино го штити вашето здравје

Една чаша вино по ручекот не штети – туку, може да биде многу корисна!

Сите знаеме дека црвеното вино е добро за здравјето на срцето, но научниците открија уште неколку причини зошто би требало да пиете црвено вино. Нормално, само во умерени количини (100 мл).

Имено, научниците откриле дека со консумирањето на црвено вино може да се намали ризикот од појава на рак на простатата и дијабетес тип 2.

Грозјето содржи разни корисни состојќи како антиоксидантот полифенол, од кои особено се истакнуваат ресвератрол и катехин чие делување ги намалува воспалените процеси и го подобрува здравјето на срцето, со превентивно делување на некои видови канцерогени заболувања.

Ресвератролот има и благотвoрно дејство на невроните, па може да се смета и како превенција од Алцхајмерова и Паркинсоновата болест, поради своите антигабични и антибактериски дејства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП