20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ10 чекори до подобро здравје

10 чекори до подобро здравје

Се чини дека секојдневно нови студии сугерираат нови начини за намалување на ризикот од болести. Што јадете, што пиете, како се однесувате со другите, сето тоа влијае врз вашето здравје. Пробајте ги овие едноставни и ефективни совети на екпертите и подобрете го вашето здравје

Јадете моркови – се намалува ризикот од рак

Студија објавена во журналот на Националниот институт за рак во 2012 година покажува дека каротеноидите (пигментите во морковот што всушност се антиоксиданти) може да го намалат ризикот од рак на дојките кај жените. Истражувачите проучувале податоци од 3.000 случаи и увиделе врска меѓу високото ниво на каротеноиди во крвта и ризикот од рак на дојка. Лаура Кипуло, препорачува јадење портокалова храна, но вели дека кародтени може да се внесат во организмот и со јадење, жолчка и брокула, но и спанаќ.

Исправете се – да ја избегнете болката во вратот

Држете ги рамената назад, а главата исравено, со што нема само да придонесете за своето здравје, туку и ќе изгледате поубаво. Според д-р Дејвид Гиер, ако сте подведнати во горниот дел од телото, предизвикувате притисок во мускулите на рамената, што предизвикува болка. За да знаете дека држењето на телото ви е исправено и кога стоите, проверете го тоа во огледало. Свртете се на страна и погледнете дали замислената линија поминува точно низ средината на вашето уво, рамо, колк и глужд. Ако таа линија е права, тогаш знајте дека држењето ви е правилно.

Одете во кругови за да го намалите стресот

За намалување на стресот се препорачуваат медитации или јога, но активните луѓе не сакаат многу да седат на едно место. Затоа експертите препорачуваат прошетки, но не од оние во еден правец, или враќање по друга патека. Препорачуваат одење низ лавиринт, или бавно одење по кружна патека. Тоа доведува до психичко смирување, поради повторувањето на истите слики. Студија објавена во журналот за зависности, покажува дека ваквиот начин на пешачење помага во намалување на крвниот притисок, по само една до шест недели движење во лавиринт.

Избегнувајте ги тв каналите за храна

Ако сакате да намалите килажа не гледајте емисии во кои таа се приготвува, а особено треба да го избегнувате каналот во кој 24 часа се готви. Многумина кои гледаат храна го поттикнуваат организмот и сам да побара храна, иако штотуку станале од маса. Според студија објавена во весникот за прекумерна телесна тежина во јануари 2012 година, научниците покажале дека се зголемува хормонот грелин, кој го регулира чувството на глад, откако на учесниците во истражувањето им покажувале фотографии од храна. Кипуло вели дека треба да се исклучи телевизорот додека јадете, а, пак, доколку гледате омилено шоу за приготвување храна тогаш в рака имајте пенкало и хартија да запишете рецепт, а не грицки.

Пијте зелен чај и намалете го ризикот од рак на дигестивниот систем

Заменувајќи го кафето со шолја зелен чај може да го намали ризикот од рак на системот за варење , според истражувачите кои ја направиле студијата за женско здравје во Шангај. Според нив, пиењето чај најмалку трипати неделно во рок од шест месеци го намалува ризикот од рак за 17 отсто. Жените кои пијат зелен чај два-трипати дневно тој ризик го намалуваат за 21 отсто.

Станете, за помал обем на струкот

Седењето во подолги периоди во текот на денот без пауза доведува до таложење на мастите околу половината, со што се намалува и нивото на добриот холестерол во крвта. Студија објавена во Европскиот весник за срце во јануари 2011 година покажува дека ако станете од столицата барем на една минута неколкупати дневно го чува вашето срце и обемот на струкот. Дури и оние кои долго седат ќе имаат помал обем на струк и ниско ниво холестерол ако често прават куси паузи (колку повеќе паузи, толку подобро). Стоењето од една минута ги намалува негативните ефекти од седењето. Експертите препорачуваат ако имате можност набавете маса што се крева, па одреден дел од денот работете на компјутер станати. Или, сместете го лаптопот врз фајловите на полиците. Секако, место да пратите маил до колегите од другата канцеларија појдете до таму да ги информирате. Пијте вода, многу, за да мора да одите во тоалет почесто.

Чистете ги забите со забен конц за здраво срце

Чистењето заби со конец е поврзано со генералното здравје, но и спречува бактериите од вашата уста да навлезат во крвотокот и да предизвикаат инфекции, дури и ендокардитис (воспаление на кошулката на срцето), што е болест опасна по живот. „Чистењето на забите со конец ја отстранува и бактеријата од празнините, не само храната“, велу Санда Молдован, стоматолог. Таа препорачува еднаш дневно да се чистат забите со конец, не почесто, затоа што може да ја истенчите глеѓта од забите. „Неодамнешна студија покажа дека оние кои ги чистат забите со конец живеат пет до седум години подолго од оние кои не го прават тоа“, додава Молдован.

Сушете ги рацете по и миењето

Не е доволно само да ги измиете рацете откако сте биле во тоалет, треба и квалитетно да ги исушите, за да ги уништите сите бактерии, вели Мајкл Шмит, лекар. „Водата е одличен преносител на најразлични микроорганизми, особено од суви површини во јавните тоалети, на мокри раце“.
Ако ја фатите кваката од вратата од тоалетот со влажни раце, имате големи шанси повторно да ги контаминирате.
Студиите покажале и дека хартиените бришачи се многу подобри од електричните сушачи. Најдобро е да ги измиете рацете со сапун и вода и ако нема хартиени бришачи, сушете ги со електричен фен колку можете повеќе.

Правете вежби за ментален одмор

Според журналот на Психијатриска пракса, луѓето треба да земат ментален одмор, што доведува до смирување. Бројни извештаи покажуваат дека медитациски терапии, во комбинација со традиционални терапии имаат поголем ефект во ослободување од болката и други психијатриски симптоми. Според една студија објавена во весникот на Американската асоцијација за срце, покажала дека афро-американците имаат 48 отсто помали шанси за срцев удар ако практикувале трансцедентални медитации.

Еден терапевт препорачува да седнете на подот да ги затворите очите да вдишите додека броите до два, а да издишите броејќи до три. Повторете го тоа десет пати, потоа фокусирајте се на стапалата од нозете, на ѕидот спроти вас и на таванот и повторете по десет пати за секое. На крај уште една серија од десет направете фокусирани на стапалата. Потоа полека отворете ги очите.

Една шолја кафе за подолг живот

Вашето утринско кафе може да ви помогне да живеете подолго, споед истражувачите од Националниот институт за рак. Во истражување на 400.000 мажи и жени на возраст од 50 до 71 одина, се покажало дека оние кои пиеле кафе имале помали шанси да умрат од срцеви болести, удар, диабетес или инфекција, без разлика дали пиење кафе со или без кофеин. Споредено со ние кои не пијат кафе, оние кои пијат две до три шолји кафе имаат 10 отсто помали шанси за смрт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП