8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Deutche Telekom“ отпушта 1200 луѓе

„Deutche Telekom“ отпушта 1200 луѓе

Deutsche-Telekom

„Deutche Telekom“ планира да го намали бројот за 1200 работни места во Германија, со што сака да заштеди околу 100 милиони евра годишно,објави во четвртокот германскиот бизнис весник „Handelsblatt“.

Планираните намалувања се составен дел од реорганизацијата, која треба да се спроведе до 30 јуни и која најпрво треба да ги опфати одделенијата за маркетинг, оданочување и администрација,известуваат од „Handelsblatt“. Не наведувајќи го изворот на информацијата „Handelsblatt“, објави дека компанијата ќе треба повеќе да се фокусира кон ресурсите за инфраструктура за широкопојасен пристап на интернет, за мобилни и онлајн услуги и телекомуникациски мрежи врз основа на IP адреса. Затоа планира да вработи повеќе работници во соодветните одделенија.

На почетокот на  декември 2012 година, германскиот телекомуникациски гигант за во наредните три години најави инвестиции вредни 30 милијарди евра во модернизацијата на фиксните и мобилните мрежи, најнапред во Германија и во САД.

Само во оваа година се планирани 9,8 милијарди евра.

Во јануари, „Deutche Telekom“ објави обврзници вредни две милијарди евра, со рок на доспевање од 8 и 15 години, со цел да се одржи ликвидноста, оценувајќи дека поради расположливата сума на пари, оваа година ќе падне за околу пет милијарди евра, од предвидуваните  шест милиони евра за 2012 година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП