3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEtihad Airways: За еден месец понуда за JAT

Etihad Airways: За еден месец понуда за JAT

jatetihad1

Авиокомпанијата „Etihad Airways“ од Обединетите Арапски Емирати ја подготвува понудата за купување на „JAT“.

„Се согласивме да ги започнеме преговорите за купување на „JAT“. Во моментов влегуваме во втората фаза. Во наредните 30 дена ќе го изнесеме нашиот предлог за „JAT“, изјави директорот на „Etihad Airways“ Џејмс Хоган на коференцијата за новинари.

„JAT“ е авиокомпанија со огромна историја и Србија е земја со голема дијаспора и голем туристички потенцијал. Тоа е нашата пазарна база. Немаше да навлеземе во преговри ако сметавме дека „JAT“ би можел да стане успешен преку реструктуирање. Ние се фокусираме на тоа, „JAT“ повторно да биде профитабилен“, изјави Хоган.

Според неговите зборови, „Etihad Airways“ и Владата на Србија се согласија да ги интезивираат преговорите за сопственоста на „JAT“.

Генералниот директор на „JAT“ Велибор Вукашиновиќ изјави дека Белград ќе стане регионален центар благодарение на партнерството со „Etihad Airways“ и неговата компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП