22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Фејсбук“ со казна од над половина милион долари

„Фејсбук“ со казна од над половина милион долари

Британската агенција за заштита на податоци и информации му изрече казна од 644.000 американски долари на гигантот „Фејсбук“ за прекршување на законите за заштита на податоците.

„’Фејсбук’ не ја заштити приватноста на своите корисници, пред, за време на и по незаконската обработка на нивните податоци“, изјави Елизабет Данам, комесар за информации на Велика Британија. „Една компанија од такви размери и експертиза требало да знаат и да направат повеќе.“

Истрагата спроведена од страна на Канцеларијата на комесарот за информации покажа дека во периодот меѓу 2007 и 2017 година „Фејсбук“ им овозможил пристап на трети страни до информациите на своите корисници, без нивна согласност.

Од компанијата изјавија дека ја разгледуваат одлуката на британскиот комесар за информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП