26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays забележа скок на профитот и покрај неизвесноста околу Brexit

Barclays забележа скок на профитот и покрај неизвесноста околу Brexit

Профитот на британската банка „Barclays“ бележи скок во третиот квартал благодарение на доброто претставување на единиците за инвестициско банкарство и трговија на мало, пренесе „ВВС“.

Банката објави профит од 1,5 милијарди фунти пред данок за трите месеци до 30-ти септември. Ова е пораст од 1,1 милијарда фунти пред една година.

Главниот извршен директор Џес Стејли изјави дека финансиската институција се справува добро, и покрај неизвесноста околу „Brexit“ кое силно натежнува врз расположението на пазарот.

Од податоците станува јасно дека профитот од трговија на пазараите расте со 19% до 1,2 милијарди фунти во рамките на кварталот на годишна основа.

Доброто претставување за периодот ќе се прифати со радост по повеќе неубедливата прва половина од годината, за време на која профитот на „Barclays“ настрада од трошоците околу судските спорови.

Исто така во март стана јасно дека инвеститорот Едвард Брамсон купил 5 отсто од акциите на банката. Оттогаш, тој се залага за поголемо враќање од инвестициското банкарско работење и троши повеќе пари за акционерите.

Профитот на банката за првите девет месеци од годината е намален во однос на истиот период од 2017-та година, откако мораше да плати парична казна од 1,4 милијарди фунти во САД под обвинение за незаконска продажба на финансиски производи пред 2008-ма година.

„Иако банката се обидува да ги остави овие обвинувања во минатото, инвеститорите ќе се смират, кога тие престануваат да бидат важен дел од историјата“, изјави Ричард Хантер од „Interactive Investor“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП