5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа 40 проценти поголеми платите во Дортмунд

За 40 проценти поголеми платите во Дортмунд

Spain Soccer Champions League

Финалистот во Лигата на Шампионите, Борусија Дортмунд ќе го зголеми својот буџет за речиси двојно, објави Извршниот директор на тимот Ханс-Јоаким Вацке.

По одлична сезона на Борусија ќе биде во можност на своите фудбалерите да им ги зголеми платите и тоа поради буџетот кој ќе биде зголемен за речиси 40 проценти.

„За претстојната сезона нашиот буџет за плати ќе биде околу 67-68 милиони евра. Ова дефинитивно е многу повеќе во споредба со последните две-три години”, објасни Вацке.

„Се разбира во споредба со многу други тимови во Европа, ова и не е така голема сума. Но, нашиот раст е хармоничен“, додаде шефот на Борусија.

Во сезоната 2012-13 тимот од Дортмунд даде за плати 48,5 милиони евра. Тоа беше за 13,5 милиони помалку од сезоната 2011-12 и покрај тоа успесите на Борусија беа повторно исклучителни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП