26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо со Јувентус гостува на „Олд Трафорд“

Роналдо со Јувентус гостува на „Олд Трафорд“

Вечерва продолжуваат возбудувањата во фудбалската Лига на шампиони. Централен настан, вечерва, ќе биде дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Јувентус, односно настапот на Кристијано Роналдо против својот поранешен тим.

Јунајтед и Јувентус, вечерва од 21 часот, ќе играат во рамките на третото коло во Х-групата. Јасно е дека Јувентус, пред дуелот на титаните, е во подобра форма, меѓутоа тимот на Масимилијано Алегри, во саботата, ги загуби првите два бода од почетокот на сезоната, откако одигра само 1:1 против Џенова.

Манчестер јунајтед се мачи од стартот на новата сезона, тимот на Жозе Мурињо игра променливо, а викендов секунди го делеа од победа во дербито против Челси.

Кристијано Роналдо втор пат се враќа на „Олд Трафорд“. Пред четири и пол години како играч на Реал победи 2:1.

Во истата ова група од 18:55 часот својот натпревар ќе го започнат Јанг Бојс и Валенсија. Во овој термин, но во Е-групата, во Атина, АЕК ќе го пречека Баерн Минхен.

Од 21 часот, во Е-групата Ајакас ќе ја пречека Бенфика, во Ф-групата Манчестер сити гостува кај Шахтјор, а Хофенхајм ќе го пречека Олимпик Лион, а во Г-групата фаворитите кои се во криза имаат императив да победата. Реал за противник ќе го има тимот на Викторија од Плзен, а Рома ќе се сретне со ЦСКА Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП