Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Скокни во Халквантура: Голема наградна игра на Халкбанк со главна награда Jeep Compass

Време: 14:04

Датум: октомври 10, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Скокни во Халквантура“ е новата голема наградна игра на Халкбанк и Mastercard, која на сите нови и постојни клиенти на банката им нуди можност да станат потенцијални добитници на Jeep Compass како главна награда.

Наградната игра веќе започна, а истата е предвидено да трае сѐ до 31 декември, по што ќе биде извлечен добитникот на атрактивната награда Jeep Compass, како и дополнителни пет вредносни ваучери со износ од по 10.000 денари.

„По минатогодишната наградна игра која забележа огромен успех во јавноста, одлучивме да ја продолжиме традицијата, па и оваа есен на нашите клиенти им нудиме вредни изненадувања за користењето на услугите на Халкбанк. Правилата за учество се навистина едноставни, односно со 10 трансакции со картичките Mastercard на Халкбанк и со користење уште 2 други услуги на банката, учесниците влегуваат во трката за главната награда. На овој начин, тие не само што имаат можност да уживаат во привилегиите на најдоброто банкарство, туку стануваат и потенцијални добитници на атрактивни награди во една необична ‘авантуристичка’ наградна игра“, изјави Атила Селим, директор на Дирекција за алтернативни канали на дистрибуција – маркетинг.

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица, клиенти на Халкбанк, кои ќе направат најмалку 10 трансакции со дебитните и/или кредитните платежни картички Mastercard и кои до завршувањето на наградната игра, се корисници на минимум две од услугите: приматели на плата или пензија преку Халкбанк, дозволено пречекорување на трансакциската сметка, кредити, депозити, полиси за осигурување, електронско банкарство или, пак, услугата СМС-инфо.

Во наградната игра учествуваат трансакциите направени со која било кредитна или дебитна картичка Mastercard, односно Mastercard Debit Contactless; Mastercard Standard, Mastercard Contactless и Mastercard World издадени од Халкбанк, а за квалификување во играта, учесниците треба да пополнат Изјава за согласност на официјалната веб-страница на Халкбанк, со што ќе биде потврдено нивното учество.

Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк>>>, a повеќе информации за услугите на Халкбанк клиентите можат да најдат на веб-страницата www.halkbank.mk

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Најнова иновација од Виталиа: бар со Мастиха за грчкиот пазар

    Најнова иновација од Виталиа: бар со Мастиха за грчкиот пазар

    Виталиа која веќе 25 години носи здрави производи на македонскиот и светскиот пазар, овојпат разви бар со мастиха за грчкиот пазар. Она што е интересно…

  • Италија ги казни Ryanair и Wizz Air поради политиката за багаж

    Италија ги казни Ryanair и Wizz Air поради политиката за багаж

    Италијанските власти ги казнија авиокомпаниите „Ryanair“ и „Wizz Air“ за нивната нова политика за кабински багаж. Првата компанија ќе мора да плати 3 милиони евра,…

  • Растот на профитот на Barclays ги израдува инвеститорите

    Растот на профитот на Barclays ги израдува инвеститорите

    Британската банка „Barclays“ објави понизок профит во вредност од 3,5 милијарди фунти во 2018-та година, но сепак тоа ги израдува инвеститорите. Кредиторот има ветено пари,…

  • Goldman Sachs и Apple ќе создадат кредитна картичка за iPhone

    Goldman Sachs и Apple ќе создадат кредитна картичка за iPhone

    Американската технолошка компанија „Apple“ заедно со инвестициската банка „Goldman Sachs“ ќе создадат кредитна картичка, која ќе биде пуштена оваа пролет, соопшти „CNBC“. Таа ќе биде…

  • Катастрофите повторно имаа влијание врз резултатите на Swiss Re

    Катастрофите повторно имаа влијание врз резултатите на Swiss Re

    Втората по големина компанија за реосигурување во светот, „Swiss Re“ не успеа да генерира доволно висок профит во минатата година поради многуте природни катастрофи. Таа…

  • „Нестле“ и неколку други компании ги повлекоа своите реклами од „Јутјуб““

    „Нестле“ и неколку други компании ги повлекоа своите реклами од „Јутјуб““

    „Нестле“ и уште неколку други големи компании ги повлекоа своите реклами од „Јутјуб“ откако еден видеоблогер изрази загриженост дека педофилите ја користат платформата за размена…

  • Македонијатурист АД Скопје прокнижи повисока добивка за 2018 година

    Македонијатурист АД Скопје прокнижи повисока добивка за 2018 година

    Друштвото со своето работење во даванаесетте месеци од 2018 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности…

  • Wix.com очекува 25% раст на приходите во 2019-та

    Wix.com очекува 25% раст на приходите во 2019-та

    „Wix.com“, која им помага на малите бизниси да ги создаваат и управуваат со сопствените веб-страници, објавија дека приходите од четвртиот квартал се зголемени повеќе отколку…

  • Алкалоид потпиша нов Меморандум за соработка за програмата за практикантство со уште два факултети при УКИМ: Медицинскиот и Технолошко–металуршкиот

    Алкалоид потпиша нов Меморандум за соработка за програмата за практикантство со уште два факултети при УКИМ: Медицинскиот и Технолошко–металуршкиот

    Со цел да се поттикне развојот на креативноста кај студентите, нивното лично и професионално профилирање како и подготвеноста за соочување со идни професионални предизвици „Алкалоид…

  • Македонски Телеком бележи раст на добивката за 2018 година

    Македонски Телеком бележи раст на добивката за 2018 година

    Пораст  на бројот на корисници на широкопојасен интернет и IPTV услугите Нето добивката бележи раст од 2,5 отсто Македонски Телеком бележи позитивни трендови во работењето…