8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft вложува засега непозната сума во Grab

Microsoft вложува засега непозната сума во Grab

Американската технолошка компанија „„Microsoft“ ќе инвестира во претпријатието за заедничко патување во Југоисточна Азија, „Grab“. Во меѓувреме, стартапот објави дека ќе ја користи платформата на облачни услуги „Microsoft Azure“, објави „Bloomberg“.

Двете компании имаат склучено договор за 5 години, што предвидува тие да соработуваат за зачувување на базата на податоци, вештачката интелигенција и поврзани платформи за автомобили. Еден од актуелните доставувачи на облачни услуги е базираната во Сингапур, „Amazon Web Services“.

„Microsoft“ во моментов се натпреварува со „Amazon“ за да привлече клиенти за облачните услуги. „Grab“, која оперира во 8 држави, сака американската компанија да обезбеди превод во реално време на возачот и патниците за време на превозот.

„Се повеќе компании ги користат најновите технологии и бараат начини за да се развие бизнисот во Југоисточна Азија“, коментира потпретседателот на единицата за развој на бизнисот во „Microsoft“, Пеги Џонсон.

„Во соработка со „Microsoft“ може да создадеме голем број на нови услуги, кои дури и не може да се замисли сега“, изјави Џонсон.

Стартапот се стреми да собере средства од 3 милијарди долари до крајот на оваа година, објасни претседателот на „Grab“, Минг Ма во интервју за „Bloomberg“. Раководството на „Grab“ одби да ја објави цената на инвестицијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП