28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗајакнете го имунитетот со помош на калинката

Зајакнете го имунитетот со помош на калинката

Ако сакате да го забавите стареењето и да го зајакнете имунитетот, пијте свежо цеден сок од калинка, советуваат експертите.

Овој вкусен напиток е вистински концентрат на витамин Ц, богат е со калиум и витамините А и Е, содржи фолна киселина, како и моќни антиоксиданси како флавоноиди и елагинска киселина. Некои истражувања покажаа дека редовното консумирање на свеж сок од калинка може да го спречи ширењето на канцерогени клетки, особено во случај на тумор на дојката, белите дробови и простатата.

Нутриционистите препорачуваат свежо исцедениот сок (се цеди на ист начин како и портокалот) без додатоци на шеќер да се испие веднаш по цедењето или во текот на истиот ден, а за да забави оксидацијата, треба да се додадат неколку капки сок од лимон. Сокот може да се раствори со обична вода во сразмер 10 плодови – 8 чаши вода.

Напомена: поради можна интеракција со лековите, овој напиток не се препорачува на пациенти кои боледуваат од дијабетес како и на оние кои како терапија користат антидепресиви, антиаритмици, антихипертензиви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП