26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUnilever нема да го премести своето седиште од Лондон во Ротердам

Unilever нема да го премести своето седиште од Лондон во Ротердам

Британско-холандскиот гигант за агробиолошки и козметички производи, „Unilever“ соопшти дека се откажал, под притисок на акционерите, да го премести своето седиште од Лондон во Ротердам и таму да создаде единствена структура на компанијата.

„Административниот совет на „Unilever“ одлучи да го повлече предлогот за поедноставување на правната структура со двајца раководители“, се наведува во соопштението на компанијата.

„Unilever“ е меѓународна корпорација која е позната со своите производи „Dove“, познатата британска марка „Marmite“ и сладоледите „Ben & Jerry’s“ и има веќе една деценија право за правно застапување, како во Велика Британија, така и во Холандија.

Во март, компанијата го објави својот проект за создавање на правно лице само во Ротердам.

„Unilever“ прецизираше тогаш дека тој план не би требало да влијае на работните места и дека има намера да продолжи да тргува со своите акциите на берзите во Лондон, Амстердам и Њујорк.

Во контекст на „Brexit“ на крајот на март 2019-та година одлуката да се откаже од плановите за Ротердам има голема симболика. Тоа ќе ја израдува британската влада, која се труди да ја заштити атрактивноста на земјата и покрај очекуваните турбуленции поради нејасноста околу излегувањето на земјата од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП