10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКонсумирајте секојдневно една чаша сок од домати

Консумирајте секојдневно една чаша сок од домати

Доматите се познати по своите здравствени користи за организмот, но дали знаете дека сокот од домати е подеднакво здрав?

Тој содржи низа витамини и минерали како витаминот А, К, Б1, Б2, Б3, Б5 и Б6, како и минерали како што е железото, магнезиумот и фосфорот. Не само што овие витамини и минерали се одлични за здравјето, туку имаат и одличен придонес за кожата и косата.

Ако се одлучите да пиете сок од домати, експертите советуваат дека е подобро сами да го направите во домашни услови и од свежи плодови, отколку да купувате готов производ.

Имено, ликопенот кој се наоѓа во сокот го намалува ризикот од рак на простатата, а влакната се одлични за здравјето на дебелото црево.

Освен тоа, сокот од домати го регулира варењето, без оглед дали станува збор за тврда или мека столица, и го одржува здраво нивото на холестерол во организмот.

Антиоксидантите кои се присутни во сокот од домати помагаат во борбата против дијабетес, асма и болести на срцето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП