4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрупацијата на Џејми Оливер лани загуби 20 милиони фунти

Групацијата на Џејми Оливер лани загуби 20 милиони фунти

Зад бизнис империја на најпознатиот готвач на светот е тешка година. Според новите финансиски извештаи, групацијата на Џејми Оливер минатата година оствари загуба од 20 милиони фунти, пишува британскиот “Independent”.

Најлошо стои во угостителскиот дел од бизнисот, па во февруари Џејми Оливер мораше да затвори 12 од своите ресторани, каде околу 600 негови вработени останаа без работа.

– Се боревме со тековните предизвици во ресторанскиот сектор – велат од компанијата и додадоа дека проблемот се должи на повисоките цени на најмување работна сила.

Самиот Џејми Оливер неодамна изјави, како дел од проблемот е во тоа што гостите краделе работи од тоалетот, а  персоналот краделе храна и шишиња вино.

Сепак, се чини дека не  е сè така црно. Спротивно на ресторанскиот бизнис, неговиот медиумски бизнис цвета. На познатиот готвач на сметка може да му легне дивиденда во износ од шест милиони фунти.

Телевизиските емисии на Оливер се продаваат подобро од било кога. Само во Велика Британија се продадени еден милион копии, додека ТВ серијата се емитува и на канали низ целиот свет.

Приходите на компанијата се зголемиле на 32 милиони фунти, додека профитот скокнал за 45 отсто на осум милиони фунти.

– Успехот на нашите медиумски бизниси, водени од страна на одличните резултати на емисијата “5 состојки – брзa и леснa храна” беше клучен фактор што ни овозможи да го поддржиме ресторанскиот сектор и да се обезбеди континуитет – изјави Пол Хант, извршен директор на групацијата Џејми Оливер.

Тој додаде дека компанијата има нов начин на управување, разработен план за инвестирање поддржан од страна на банката HSBC и дека полека но сигурно напредува на пазарот, објави “Independent”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП