5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПромена во самиот врв на Daimler

Промена во самиот врв на Daimler

Германскиот гигант „Daimler“ најави промена на самиот врв во својата управувачка хиерархија, па така следната година Дитер Цетче ќе биде заменет од Ола Калениус.

Цетче ќе паузира две години, а потоа во 2021-ва ќе го замени Манфред Бишоф на местото директор на Надзорниот одбор, втората клучна позиција во корпорацијата од Штутгарт.

Новиот директор на Управниот одобор, Калениус е во „Daimler“ oд 1995-та година, со пауза од 2003-2005-та кога беше извршен директор на „MCLaren“.

Тој беше директор на маркетинг и продажба, а на новата функција пристигнува од позицијата директор за развој на автомобилите „Mercedes-Benz“.

„На различни позиции во „Daimler“, Калениус го стекна не само моето почитување, туку и признание од своите колеги во различни области. Истовремено, допринесе со вредната меѓународна перспектива. Задоволен сум од оваа одлука“, рече Цетче.

Цетче е во „Daimler“ oд 1976-та, член на УО стана на крајот на 1998-ма, за во 2005-та да стане директор на „Mercedes-Benz“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП