28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот „hot-coupe“ со пет врати во „C“ сегментот (фото+видео)

Првиот „hot-coupe“ со пет врати во „C“ сегментот (фото+видео)

Јужнокорејскиот гигант „Hyundai“ го претстави третиот член од „N“ семејството, по „i30 N“ и „Veloster N“, пристигна и „i30 Fastback N“.

„Hyundai“ овој модел го претстави како првиот „hot-coupe“ со пет врати во „C“ сегментот.

„i30 Fastback N“ со превзема агресивниот дизајн од претходникот, но со различниот стил на каросеријата овозможува практична употреба на дневна основа.

Покрај тоа, „i30 Fastback N“ не загуби на преформансите, туку како и претходните два модели пристигнува во две верзии со 2,0-литарски турбо бензинец со моќност од 246 и 271 KS, со изборниот пакет на опрема „Parformance Package“.

Во зависност дали го имате споменатиот пакет, „i30 Fastback N“ има максимален вртежен момент од 353 Nm или 378 Nm. Моќта се пренесува на предната осовина исклучиво преку шестстепениот мануелен менувач.

Додека основната верзија на „Fastback“ забрзува од 0 до 100 km/h зa 6,4 секунди, на помоќната и се потребни 6,1 секунди, a двете имаат максимална брзина од 250 km/h.

Со помош на копчињата на воланот, возачот ќе може да избере помеѓу петте начини на возење: „Eco“, „Normal“, „Spot“, „N“ и „N Custom“.

При избор на „N“ начинот на екранот се нуди дополнителна опција за прилагодување на моторот, гаста и издувот, па преку него се пристапува и до опцијата „Performance Package“.

„Hyundai“ верзијата „i30 Fastback N“ за прв пат јавно ќе ја претстави следната недела на саемот за автомобили во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП