30 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Новартис“ укинува 2.200 работни места

„Новартис“ укинува 2.200 работни места

Швајцарскиот производител на лекови „Новартис“ во вторникот објави дека ќе укине речиси 2.200 работни места во следните четири години во матичната земја за да ја подобри профитабилноста со консолидирање на производството и селење на работните места.

Паралелно, „Новартис“ најави отворање 450 нови работни места во сегментот клеточно производство и генетска терапија, што значи дека нето во Швајцарија ќе бидат укинати приближно 1.750 работни места.

„Новартис“ во моментот вработува околу 13.000 работници во Швајцарија.

Претседателот на управата на „Новартис“, Јерг Рајнхарт, во септември рече дека компанијата планира да ја подобри ефикасноста на производството на глобално ниво за да ја зголеми маржата на оперативниот профит во контекст на падот на цените на лековите во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП