5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКоосновачите на „Инстаграм“ ја напуштаат компанијата

Коосновачите на „Инстаграм“ ја напуштаат компанијата

Коосновачите на гигантот „Инстаграм“, Кевин Систром и Мајк Кригер, ја напуштија компанијата, која е во сопствеништво на компанијата „Фејсбук“, објави Би-Би-Си.

Главниот извршен директор, Систром, рече дека заминува за повторно да ја истражува љубопитноста и креативноста.

“Ние сме сега подготвени за нашето следно поглавје. Изградбата на нови работи бара да се повлечеме, да разбереме што нè инспирира и да одговара на тоа со она што му е потребно на светот, тоа е она што планираме да го направиме” рекол Систром.

Сопственикот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг во пишана изјава, вели дека „Инстаграм“ е комбинација од кративни таленти на коосновачите.

„Научив многу работејќи заедно со нив изминатите шест години и навистина уживав. Едвај чекам да видам што ќе направат следно“ рекол Цукерберг.

„Инстаграм“ беше купена од „Фејсбук“ во 2012 година за 1 милијарда долари во готово и акции, а има повеќе од една милијарда корисници.

Се појавија информации дека постојат тензии меѓу двајцата коосновачин на „Инстаграм“ и „Фејсбук“, а нивното заминување е само дополнување на она што беше вознемирувачка година за матичната компанија, анализираат светските медиуми.

Извршниот директор Систром (34) и главниот технички службеник Кригер (32), го започнаа сајтот за споделување на фотографии во 2010 година, и продолжија да ја извршуваат услугата откако нивната компанија беше купена од „Фејсбук“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП